Дефанзивецот на Реал Мадрид, Серхио Регилон може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Дејли меил“.
Според изворот, за 23-годишниот Шпанец е заинтересиран Тотенхем. Тренерот на тимот од Лондон, Жозе Мурињо сака да го види играчот во клубот.
Изминатата сезона Регилон ја помина на позајмица во Севиља, постигнувајќи три гола и реализирајќи пет асистенции на 38 натпревари.