Жозе Мурињо е подготвен да се врати во Интер. Португалецот стана легенда за „нероазурите“ со освојување на три титули во сезоната 2009/10, по што одлучи да го преземе Реал Мадрид. Сега Жозе работи како аналитичар за „Беин Спортс“, откако го очекува крајот на сезоната, за да ја продолжи работата како ментор.
– Мислам дека е повод за гордост да бидеш посакуван од клубот во кој си работел порано. Единствениот тим во кој имам чувство дека не сум си ја завршил работата, е Манчестер Јунајтед. Кога се вратив во Челзи, се чувствував одлично. Кога те пречекуваат по втор пат, тоа значи дека навистина си многу добар. Немам проблем да се вратам во Интер. Клубот ја има вистинската структура и вистинските амбиции, Изјави Португалецот.
На прашањето дали не жали што не успеал да го крене трофејот во Лигата на шампионите со Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ Мурињо одговори вака: „Јас веќе ја освоив Лигата на шампионите на „Бернабеу“… со Интер“.