Жозе Мурињо зеде став за уште една спортска тема во улога на аналитичар.
Специјалниот раскажа како го видел дуелот помеѓу Манчестер Јунајтед и Барселона, кој заврши со 1:0 за каталонскиот тим.
– Мислам дека Јунајтед имаше еден фудбалер кој беше виновен Барселона да не биде Барселона и Меси да не биде Меси. Сето ова стана факт, бидејќи во центарот на теренот играше Скот Мактомини. Беше како лудо куче. Тој не се плашеше од никого. Многу притискаше. Да пресираш Барса е клучно за да ги неутрализираш фудбалерите, објасни тој.
Според него, тренерот на тимот Оле Гунар Солскјер се подобрува со секој изминат натпревар.
– Тој расте во секој изминат натпревар, додаде Мурињо.