Португалскиот стручњак ги презира фудбалерите кои наместо да играат ги покажуваат своите театрални способности. Мурињо вели дека секојдневно со своите фудбалери разговара за тоа и ги предупредува дека може да имаат последици, од него, доколку на теренот се однесуваат на таков начин.
„Постојано им зборувам дека тоа го мразам. Таков проблем имав со Дрогба и со Робен. Тоа е проблем на кој му пристапувам многу критички и такви играчи не сакам да имам во својот тим“, вели Жозе Мурињо.