Тренерот на Челзи Жозе Мурињо на размислува да го ослободи од обврските шпанскиот репрезентативец Хуан Мата.
Ниту понудата од 30 милиони евра која Барселона ја подготви за овој играч нема да биде доволна португалскиот стручњак на клупата на „Сините“ од Лондон да се откаже од услугите на еден од најдобрите фудбалери минатата сезона.
Мата сезоната 2012/13 ја заврши со 19 погодоци и 35 асистенции. 25-годишниот шпански интернационалец освен за Челзи има настапувано и за Валенсија, Реал Мадрид и Овиедо.