Мурињо: Јас платив за лошо однесување и гледав натпревари на ТВ, но тоа не важи за други тренери

Од:

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го обвини раководството на Премиер лигата за двојни аршини. Тој верува дека другите тренери во лигата се третираат подобро од него.

– Она што можам да го кажам е дека кога лошо се однесував, платив за тоа. И платив на два начина: прво гледав натпревари на ТВ во соблекувалната и второ платив огромни казни. Се чувствувам како за некои други момци да важат казните. Ова не им се случува нив. Ако судиите и резервниот арбитер се тука за да ја завршат оваа работа, се надевам дека ќе го сторат тоа и ќе постапат како што треба.

Се чувствувам како да се сменив. Станав подобар во контролирањето на моите емоции, станав помирен, а исто така научив подобро да ја следам играта. Чувствував дека морам да го променам однесувањето и многу сум среќен поради тоа. Ова е случај со мене. Не можам да зборувам за другите, изјави Мурињо.

Изјавата на Мурињо доаѓа пред вечерашното дерби (21 часот) со Ливерпул и пресметката со неговиот „лут“ ривал на тренерското место на „црвените“ Јирген Клоп кој исто како и Португалецот знае да биде многу темпераментен крај аут линијата.

Би можело да ве интересира

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

ВИДЕО: Рома ја освои Конференциската лига, Мурињо влезе во историјата

Мурињо: Рома е „мала“ во очите на моќните

Ана Ололовска

ЕСПН: Мурињо е најдобриот тренер Манчестер јунајтед во ерата по Фергусон

Ана Ололовска