Мурињо импресиониран од Бундеслигата

Од:

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, изјави дека му се допаѓа Германското првенство. Претходно, Португалецот рече дека е подготвен да работи во Италија и во Франција.

– Бундеслигата е возбудливо натпреварување за мене. Тимовите од средно ниво постојано се подобруваат и создаваат конкуренција. Постои одлична организација, секој тим има добра тактичка обука. Ова е многу интересна лига, изјави Мурињо за „Билд“.

Запрашан за состојбата во Баерн, трофејниот тренер одговори дека не очекува промени во стручниот штаб.

– Баерн е германски и европски великан. Се надевам дека Ковач ќе остане тренер, бидејќи работеше напорно за да стигне до ова ниво, смета Мурињо.

Би можело да ве интересира

Жозе Мурињо доби астрономска понуда од Саудиска Арабија, но не да биде тренер

Предраг Петровиќ

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Мурињо: Одбив понуди да бидам селектор на Португалија или на Англија

Мурињо: Ја одбив најголемата и најлудата понуда во историјата на фудбалот

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

ВИДЕО: Рома ја освои Конференциската лига, Мурињо влезе во историјата