Мурињо и официјално повторно во Челзи

Од:

„Сега и официјално! Жозе Мурињо повторно е тренер на Челзи“, потврдил член на управата на лондонскиот клуб за весникот „Сан“

– Сите се презадоволни од неговото враќање – клубот, играчите и навивачите. Веќе гледаме напред кон новата сезона – сигурни сме дека ќе биде многу возбудливо, изјавил членот на управата на Челзи.

„Специјалниот“, според „Сан“, во вторникот потпишал четиригодишен договор вреден 40 милиони фунти.

Како „алиби“ за доаѓањето во Лондон го искористил присуството на натпреварот Кристал Палас – Вотфорд на „Вембли“, но вистинската причина била договорот со Челзи.

Последниот натпревар како тренер на мадридски Реал, Мурињо го одработи во саботата против Осасуна. Кралскиот клуб го водеше три години, период проследен со многубројни контроверзи и несогласувања со играчите, со навивачите, и со медиумите во Шпанија.

Педесетгодишниот португалскиот стратег беше тренер на Челзи од 2004 до 2007 година и освои шест трофеи.

Првиот натпревар на клупата на лондонските „сини“ треба да го има во Тајланд против Синг Ол Старс за време подготвителната турнеја низ Азија. Посериозен тест ќе има на турнирот во САД каде што се планирани средби со два негови поранешни клуба Интер и Реал, како и со Јувентус, Милан, Евертон и Валенсија.

Мурињо се враќа на „Стенфорd Бриџ“ по заминувањето на Рафа Бенитес кој следната сезона ќе го предводи Наполи на Горан Пандев.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска