Мурињо бара слава со трет тим во Премиер лигата

Од:

Жозе Мурињо сака да стане првиот менаџер кој ќе освои значајни почести со три различни клуба во Премиер лигата. Според „Сан“, ова е една од главните причини зошто Португалецот сè уште го одложува враќањето во професијата.

Пред неколку недели се тврдеше дека Тотенхем е меѓу потенцијалните опции, но во последните два дена се шпекулира дека Арсенал наскоро може да бара нов менаџер и да се обрати кон Специјалниот.

Мурињо веќе одби неколку понуди за работа во последните 10 месеци затоа што не смета дека тие биле најпогодни за него.

Борусија Дортмунд и евентуалното враќање во Реал Мадрид се други актуелни опции за кои се шпекулира во медиумите како идни професионални ангажмани за Португалецот.

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига