Вчерашниот натпревар меѓу САД и Германија од последното коло на групата Г, на Мундијалот во Бразил се гледаше во живо и во вселенска станица.
Во вселената во моментов се наоѓа една станица со тричлен екипаж.
Американците Рид Вајзмен и Стив Свенсон се во друштво на нивниот германски колега Александер Герст.
Тие направија и интересна кладба. По победата на Германија, двајцата американски астронаути мораа да ги избричат своите глави.
– Беше супер интересно. Едноставно овде беше многу возбудливо и интересно. Фудбалот ја разби монотонијата’’, изјави германскиот астронаут Герст.
Пред натпреварот беше објавен и краток видео клип во кој астронаутите ги демонстрираа своите фудбалски знаења.