Светското првенство во фудбал, кое се одржува во Бразил, ќе постави нов рекорд на гледаност, пренесуваат агенциите.
Директорот на Меѓународната федерација на фудбалските асоцијации, Николас Ериксон изјави дека Светското првенство го следеле три милијарди и двеста милиони луѓе.
Претставникот на ФИФА нагласи дека и покрај тоа што натпреварите според европско време се одржуваат доцна во ноќта, средбата помеѓу Велика Британија и Италија на британскиот „BBC“ го следеле 40,2 милиони гледачи, додека на италијанската „Раи 1“, 12,8 милиони луѓе.
Е. Г.