Муцунски: Вардар и Комити добиваат нов спортски терен во Аеродром, поддршката за клубот продолжува и во иднина

Од:

Вардар е емоција, македонски спортски бренд со кој сите се гордееме, а ние со задоволство го поддржуваме. Ова на својата фејсбук страна го напиша градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски кој објави видео од новиот спортски терен наменет за фудбалскиот клуб Вардар.

Станува збор спортско игралиште лоцирано во непосредна близина на СЦ „Јане Сандански“ кое Општина Аеродром го обнови со поддршка на општествено одговорни компании. Обновата опфаќа целосна реконструкција на соблекувалните, нова трева и нов систем за наводнување на тревата.

Поддршката на фудбалскиот клуб Вардар и навивачката група Комити доаѓа на иницијатива на претседателот на советот на Општина Аеродром, Дејан Митески и градоначалникот Тимчо Муцунски кој во својата објава истакна дека таа поддршка продолжува и во иднина.

„Поддршката за Комити и Вардар доаѓа на наша иницијатива и таа соработка ќе продолжи и понатаму, затоа што силен Вардар значи многу за македонскиот спорт и за младите фудбалски таленти кои ќе се градат и создаваат во иднина“, истакна Муцунски во својата фејсбук објава.

Би можело да ве интересира

Прва земја од регионот – потписник на Партнерство за безбедност и одбрана со Европската Унија

А1он

Жерновски демантира дека не ги предал акредитивите, најави дека ќе тужи за клевета

Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори

А1он

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски