Муцунски: Благодарам на Србија за помошта, вашата земја, лекарите и народот беа меѓу првите што реагираа

Од:

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, денеска им се заблагодари на Србија и на српскиот народ за сета помош и емпатија дадена по повод трагедијата во Кочани.

Откако српскиот премиер Милош Вучевиќ се потпиша во книгата на жалост во амбасадата на Македонија во Белград, тој и се заблагодари на Србија што смести голем број пациенти во медицинските установи и дека е меѓу првите што помогна.

„Ви благодариме што сместивте голем број пациенти и направивте се што е потребно. Премиерот Вучевиќ и министерот Марко Ѓуриќ беа меѓу првите кои не контактираа, не само за да покажат емпатија, туку и да дадат поддршка и помош. Вашата земја, лекарите и народот беа меѓу првите кои реагираа. Ви благодариме за се што направивте, како и на вашиот медицински персонал“, рече Муцунски во Белград.

Во Србија 29 повредени лица со тешки изгореници се сместени во четири здравствени домови.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Муцунски во Софија: Ќе ја забрзаме реализацијата на Коридорот 8 со Бугарија и Албанија

А1он

Средба Муцунски – Петрова во Софија

А1он

Средба меѓу Муцунски и Петрова ќе има, не е јасно во каков формат