Мората со помош на психолог се врати во форма

Од:

Напаѓачот на Челзи, Алваро Мората, кој постигна четири гола во Премиер лигата од почетокот на октомври, откри дека си ја вратил формата благодарение на професионалната помош од психолог.

Шпанецот беше привлечен на „Стемфорд Бриџ“ во летото 2017 година за трансфер вреден 70 милиони фунти. Тој ја започна својата кариера во Челзи на совршен начин, откако постигна седум гола во првите седум натпревари во Премиер лигата, но потоа влезе во криза и успеа да постигне само три погодоци од декември до крајот на сезоната.

Мората призна дека во текот на летото дури мислел да замине, но потоа ја добил споменатата помош и сега се чувствува исклучително среќен во Англија.

– Кога фудбалер ќе го чуе зборот психолог, првично се плаши, но јас сфатив дека имам потреба од помош. Во почетокот се чувствував малку непријатно, раскажувајќи му ги на психологот сите свои проблеми. Но потоа, со помош на сите околу мене, јас успеав да ја повратам својата среќа од играњето фудбал. Летово неколку пати си велев дека сакам да одам во тим во кој ќе се чувствувам повторно среќен и без тензии. Сега сепак се чувствувам посреќен од било кога во Челзи, рече Мората.

Би можело да ве интересира

Мората се здоби со тешка повреда на главата по сударот со Павловиќ на тренинг

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски