МОК повторно безрезервно во поддршка на најдобрите македонски борачи

Од:

На барање на Федерацијата на боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Македонскиот олимписки комитет (МОК) во целост финансиски ја покри програмата за базични подговотвки на нашите најдобри борачи кои се во тек и траат од 15 до 25 Декември (Пониква, Кочани). На овие базични подготовки ќе учествуват потенцијалните олимписки кандидати како и најдобрите македонски борачи во јуниорска и кадетска конкуренција. Овие подготовки ќе послужат како основа за учество на најдобрите македонски борачи на:

– меѓународниот турнир за сениори “Јашар Догу“ во Анкара, Република Турција, во периодот 9-10 Февруари 2013 година,

– меѓународниот турнир “Дан Колов“ во Софија, Република Бугарија, во периодот 15-17 Февруари 2013 година и

– Европско првенство за сениори во Тбилиси Република Грузија, во периодот од 19-24 Март 2013 година.

На барање на Федерацијата на Боречки спортови на Македонија, Македонскиот Олимписки Комитет, во целост финансиски ја покри програмата за базични подговотвки на нашите најдобри борачи кои ќе се одржат во периодот 15-25 Декември во Пониква. На овие базични подготовки ќе учествуват потенцијалните олимписки кандидати како и јуниори и кадети – членови на нашата најдобра национална репрезентација.

На подготовките во Пониква под раководство на тренерот на репрезентацијата Гари Модосијан присутни се следните борачи:

1. Дејан Митров
2. Дејан Богданов
3. Руфат Исмаили
4. Иван Анакиев
5. Фисник Дура
6. Давор Тасев
7. Јасин Реџалаеи
8. Ѓорѓи Јованов
9. Иван јанев
10.Ирфан Реџалари
11.Влатко Зајков
12.Арсин Зејнулаку
13.Бобан Данов

Подготовките се реализираат според Програмата за тренинзи изготвена од тренерот Гари Модосијан и е во согласност со четири годишната Програма.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе биде домаќин на Европски олимписки младински фестивал во 2025 година

Предраг Петровиќ

Училишен тест за Борко: Димевски подготви прашалник по најавите за тужба од суспендираниот голман

Орце Костов

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Промовирани монографијата и документарниот филм „Македонскиот сон – Ние сме светски шампиони“

Ана Ололовска

Промоција на монографија и документарец „Македонскиот сон: „Ние сме светски шампиони“ посветени на БК „Бучим- Јака“

Ана Ололовска

МОК воспоставува манифестација за најуспешни македонски спортистки

Ана Ололовска