Модриќ прифати да остане во Реал за помала плата

Од:

Актуелниот шпански фудбалски првак Реал Мадрид започна преговори за продолжување на соработката со капитенот на хрватската репрезентација Лука Модриќ, објави весникот „АС“.

Шпанскиот медиуми, повикувајќи се на клупски извори, наведува дека Реал ќе му понуди на Модриќ нов договор со важност до 2022 година.

Од своја страна, Модриќ му дал насоки на личниот менаџер доколку преговорите течат во таков правец да прифати намалување на плата со цел хрватскиот фудбалер да потпише нов договор.

Модриќ (35) дојде во Реал во 2012 година од редовите на Тотенхем. Хрватот сезонава одигра 40 натпревари за „кралскиот клуб“ на кои постигна четири голови и додаде осум асистенции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он