Мохамед Фарах победи на 10 километри, втората финална дисциплина на првиот ден на Светското првенство во атлетика во Москва, со време 27:21.71.
Зад него стигна шампионот од Даегу од 2011 година, Ибрахим Џејлан од Етиопија, кој се обиде на ист начин да победи но не успеа.
Се обидов да го победам уште еднаш на тие последни 500 метри, но немав сила да го стигнам, тркава не беше толку лесна, а денеска не беше мој ден, рече Џејлан по трката.
Трет на финишот стигна, Пол Кипнгетич Тануи од Кенија со време 27:22.61.
Претходно денеска, Една Киплагат со време 2:25.44 часа ја одбрани титулата во маратон освоена во Даегу пред две години.
Италијанката Валерија Странео се пласираше на второто место со заостанување од 14 секунди зад Киплагат, додека бронзата и припадна на Кајоко Фукуши од Јапонија, со две минути послабо време од светската шампионка.