Младите македонски фудбалери одиграа нерешено со Бугарија

Од:

Македонската репрезентација за фудбалери до 16 години одигра нерешено 1:1 на пријателскиот натпревар против соодветната репрезентација на Бугарија на гостувањето во Софија.

Мкедонија го отвори резултатот уште во 8. минута кога Стојменов постигна гол со глава по центаршут од корнер. Домаќинот се обидуваше да изедначат, но Алчевски беше одличен на нашиот гол и ги одбрани ударите на Георгиев и Цветанов.

Во второто полувреме избраниците на селекторот Марио Вујовиќ одолеваа на нападите се до 64. минута кога Бугарија преку Мартин Петков постигна гол за израмнување на резултатот на 1:1. Најдобрата шанса за второ водство Македонија ја пропушти преку Георгиев.

Утре двете селекции ќе го одиграат и вториот меѓусебен контролен натпревар.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска