На 30-годишна возраст ненадејно почина Александар Круниќ, фудбалер на Раднички од Ратково.
Кобниот момент се случил во средата на тренингот, кога на фудбалерот му се слошило, а набрзо пристигнала брзата помош која требало да го пренесе во Клиничкиот центар во Нови Сад.
Срцевиот удар бил толку силен што фудбалерот починал на пат кон болница, што предизвикало голема тага кај неговите соиграчи.
– Фанови, познаници и следбеници. Со големо жалење ве известуваме дека нашиот пријател, брат, соиграч го остави срцето на теренот, се наведува меѓу другото на Фејсбук профилот на клубот.