МКФ со поддршка за барањето на МЗТ за намалување на бројот на странците

Од:

Македонската кошаркарска федерација изрази целосна поддршка за барањето на кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром за промена на член од Регистрацискиот правилник во кој се пропишува бројот на странци во тимовите.

Од МКФ воедно ги охрабруваат сите клубови да застанат зад иницијативата на актуелниот шампион.

Инаку членот 32.5 (5) од правилникот гласи дека клуб од машката прва лига има право на пријавување и настап најмногу шест странски играчи во составот на еден натпревар, но на терен во игра, да нема помалку од два домашни играчи.

– Тригодишните заложби на актуелното раководство на Македонската кошаркарска федерација за унапредување на квалитетот на младинските категории и заздравување на развојот на нашата иднина ја увиде и еден од водечките клубови во македонската кошаркарска историја и се надеваме дека низ конструктивни и заеднички разговори помеѓу сите инволвирани фактори ќе дојдеме до квалитетно и брзо решение за поставување на квалитетна основа за успешност на идните генерации, се вели во соопштението на Федерацијата.

Македонската кошаркарска федерација најавува дека ќе ја започне постапката согласно актите на федерацијата за промена на бараниот член во Регистрацискиот правилник.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он