Митев: Ќе ја надминеме резултатската криза

Од:

Паузата во ФК Вардар е повеќе од добредојдена за консолидација на тимот пред продолжението на трката по шампионската титула. Јасно е дека резултатите на стартот од пролетта не се согласно очекувањата, посебно кога бодови ќе се загубат на начин како на „Железарница“, но од црвено-црниот табор нагласуваат дека единството во тимот и натаму е и ќе биде основниот двигател во остварувањето на зацртаните амбиции.

„Изминативе денови се создаде непотребно драматично подигнување на тензијата иако е јасно дека стручниот штаб и раководството не може да бидат задоволни од односот на поедини фудбалери во тимот. Сепак, тоа апсолутно не значи дека сега во клубот има некаква „вонредна“ состојба. Резултатските падови во професионалниот фудбал се вообичаени и Вардар апсолутно не може да остане имун на тоа. Но, големината на нашиот клуб е што таквите моменти секогаш се решаваат внатре во сопствените редови. Така ќе биде и сега, а од сето тоа ќе излеземе уште поцврсти. Јасно е дека сите ние во клубот отсекогаш силно сме верувале и веруваме во фудбалерите, впрочем и затоа се одбрани најдобрите да играат во Вардар. Не треба да се заборави дека Вардар е лидер во првенството и така ќе остане до крајот“– вели Горан Митев, извршниот директор на Вардар.

Митев демантира, наспроти одредени пишувања, дека веќе има утврдени казни и нивна висина за фудбалерите, нагласувајќи дека сето тоа ќе биде утврдено на идните заеднички состаноци меѓу раководството, стручниот штаб и фудбалерите.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска