Милвоки со победа во дуелот со Индијана

Од:

Екипата на Милвоки оствари победа на единствениот ноќешен дуел одигран во НБА лигата. Милвоки пред своите навивачи ја совлада Индијана со 111:107, а решавачка се покажа првата четвртина која домашните ја добија со 34:15.

Со овој триумф Милвоки е на 50 отсто успешност (36-36 победи/порази) и со големи шанси за пласман во плеј офот. За поразената екипа Индијана овој пораз значи и намалување на можностите за плеј оф.

Најефикасен играч беше Ерсан Илјасова со 34 поени, што за него се рекордни во кариерата, а комплетната почетна петорка на Милвоки имаше двоцифрен број поени.

Вечерва се играат 13 натпревари.

Пласман Источна конференција: Атланта 54-17 (победи-порази), Кливленд 47-26, Чикаго 44-29, Торонто 42-30, Вашингтон 40-32, Милвоки 36-36, Мајами 33-38, Бостон 31-40, Индијана 31-41,…

Пласман Западна конефернција: Голден Стејт 58-13, Мемфис 50-22, Хјустон 48-23, Портланд 45-25, ЛА Клиперс 47-25, Сан Антонио 45-26, Далас 45-27, Оклахома Сити 41-31,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите