Голманот на Вардар Дејан Милосављев по триумфот над Стеауа (27:21), рече дека очекува нивото на играта на „црвено-црните“ да оди во нагорна линија.
– Секој меч ни е важен и даваме максимум. Од натпревар во натпревар ќе играме се подобро. Денеска добија сите шанса да играат и да го понесат товарот и други ракометари. Се надевам дека ќе продолжиме и понатаму да играме во добра форма и ќе продолжиме да победуваме, нагласи Милосављев.
Вардар по четвртиот натпревар во регионалната ракометна СЕХА лигата има максимални четири победи и е лидар на табелата со 12 бода.
Вториот македонски претставник во ова натпреварување, тимот на Металург, вечер игра со Извиѓач од БиХ.