Милевски по поразот од Шпанија: Горд сум на овие момци

Од:

Кога ќе ги собереме впечатоците, горд сум на овие момци. Покажаа како треба да се игра против една Шпанија. Сите треба да бидеме горди, зашто овој тим има потенцијал и квалитет за да напредува и да биде конкурентен во европски рамки, изјави вчера вечер селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски по минималниот пораз од фаворизираната репрезентација на Шпанија.

– Нашата примарна работа е да селектираме и да создаваме репрезентативци кои ќе имаат потенцијал за да напредуваат во иднина и да бидат дел од А репрезентацијата. Поголем дел од фудбалерите покажаа дека може да се смета на нив во иднина, посочи селекторот.

Милевски за следниот дуел со Фарски Острови изјави дека слаби тимови денеска не постојат и ако не се влезе максимално подготвен на било кој натпревар, тогаш не може да очекувате поволен резултат.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска