Милевски и официјално најави заминување од репрезентацијата до 21 година

Од:

Селекторот на македонската репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски денеска на прес-конференција го објави списокот на фудбалери, на кои ќе смета на пријателските средби против Азербејџан, кои се играат на 24-ти и 27-ми мај во Баку.

Тој објави и дека репрезентацијата до 21 година од јуни ќе добие нов селектор, откако тој заминува во Израел и ќе го води тимот на Ашдод.

– Благодарност за несебичната поддршка што ми ја дадовте со години. Договорот со ФФМ ми е до 1 јуни и сум на располагање дотогаш. Дали ќе патувам за Азербејџан или не ќе одлучат од Федерацијата. Јас сум подготвен да го испочитувам договорот максимално до крај. Сето она што ќе следи потоа, за тоа ќе зборуваме потоа. Понекогаш, во животот морате да продолжите понатаму, иако тоа не го посакувате. Некако и чувствувам дека ми е потребен нов предизвик, изјави Милевски, цитиран од ФФМ.

Милевски го донесе најголемиот успех на македонскиот репрезентативен фудбал откако со младинците се пласира на Европското првенство во Полска.

Списокот на фудбалери за двата натпревари со Азербејџан:

Голмани:

Ристе Јанков (Работнички)
Томас Божиновски (Пакош Фереира)
Христијан Стевковски (Скопје)

Одбрана:

Агрон Руфати (Локомотива Загреб)
Некар Садики (Работнички)
Филип Трајановски (Гаис)
Оливер Стојменовски (Борец)
Тодор Тодоровски (Бардар)
Михаеил Маневски (Брегалница)
Ване Јованов (Брегалница)
Филип Антовски (Вардар)

Среден ред

Давор Дравковски (АЕЛ)
Даниел Миловановиќ (Академија Пандев)
Јани Атанасов (Академија Пандев)
Миле Тодоров (Нови Град)
Кристијан Трајчески (Гафанха)
Омар Имери (Шкупи)

Напад

Милан Ристовски (Ријека)
Кристијан Трпановски (Татран Прешов)
Марко Ферукоски (Офенбах)
Дарко Чурлинов (Келн)
Стефан Богдановски (Спартак Трнава).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска