Милевски: Одигравме поквалитетно од дуелот во Букурешт

Од:

По завршувањето на дуелот Вардар – Стеауа, кој поранешниот европски шампион го доби со 2:1 тренерот на Вардар, Благоја Милевски на прес- конференцијата истакна дека е задоволен од играта, но не и од резултатот.

– Жалам што вака не игравме и во Букурешт на првиот натпревар. Во одделни делови од натпреварот бевме и подобар тим, но не ги искористивме своите шанси. Стеауа покажа дека е голема екипа кога повторно ги казни нашите грешки и постигна голови, рече Милевски.

Тренерот на гостите Лаурентиу Регекамп, изјави дека е среќен што победиле.

– Тоа беше нашата цел кога сигнавме во Скопје. Вардар одигра добро и квалитетно, можеби и не заслужи пораз. Наша цел сега е да го минеме следниот ривал и секако да се пласираме во групите од Лигата на шампионите, нагласи Регекамп.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска