Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски направи промени во составот во пресрет на продолжување на квалификациите за Европското првенство 2019.
– Има промени во однос на претходните собири. Сега имаме четворица дебитанти, Божиновски, Личина, Омар Имери и Милан Ристовски. Повторно во селекцијата се враќа Бенјамин Демир кој игра во одлична форма во Скопје. Оние што не се повикани, значи дека не го покажале она што треба да го покажат во овој дрес. Имаме квалитетен потенцијал да ја прекинеме низата од три порази. Во изминатите три и пол години не постоело никогаш императив победа во оваа селекција, но условот секогаш бил да се даде на секој натпревар максимум. Така е и сега. Ќе мора да дадеме повеќе од реалните можности, тоа е нашата должност кон нас и Македонија и националниот дрес, истакна Милевски.
Македонија на 23 март е домаќин на Русија, додека на 27 март се среќава со Австрија на гостински терен.