Милевски: Големо „Браво“ за фудбалерите

Од:

Новата генерација на македонската фудбалска репрезентација до 21 година вчеравечер ја победи Ерменија и покажа дека поседува квалитет и потенцијал да го повтори резултатот на своите претходници кои се пласираа на Европското првенство.

Селекторот Благоја Милевски е задоволен од стартот во новиот квалификациски циклус.

– Мора да кажам дека одигравме навистина одличен натпревар, а момците покажаа дека имаат квалитет и потенцијал да бидат максимално конкурентни и во овој квалификациски циклус. Може само да им честитам на начинот на кој одиграа во Ереван, и да кажам само едно големо „Браво“,изјави Милевски.

Македонија на гостински терен ја совлада Ерменија со 3:0 и ги освои првите три бода во квалификациите за ЕП 2019.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска