Милевски без услугите на петмина стандардни за натпреварот со Црна Гора

Од:

Димитар Митровски, Ердон Даци, Давид Тошевски, Бојан Илиевски и Љавдрим Фазлиу се фудбалерите кои ќе недостасуваат во македонската фудбалска репрезентација до 21 година, за дуелот со Црна Гора.

– Принудени сме на големи промени, повикавме нови фудбалери и ќе направиме се што е во наша можност да одиграме квалитетно на последниот натпревар. Иако, промените се принудни и дојдоа на некој начин шокантно за сите нас, сепак, ние сме репрезентација која е подготвена да се носи со сите работи. Посакувам здравје, во овој момент тоа е најважно. Јас можам да ветам дека и со овие фудбалери ќе одиграме максимално, а ќе видиме што тоа ќе донесе на резултатски план, изјави селекторот Благоја Милевски.

Натпреварот е закажан за 17 ноември во Скопје со почеток во 13:30 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска