Голманот на Црвена звезда, Милан Борјан, на натпреварот со Тотенхем од Лигата на шампионите, влезе во историјата на белградските „црвено-бели“ како чувар на мрежата со најмногу европски настапи на голот на клубот.
Борјан бранел за Звезда на 38 меѓународни мечеви, и го престигна Ратомир Дујковиќ, кој досега беше со-рекордер со 37. До крајот на групната фаза од Лигата на шампионите, има уште два меча, па канадскиот репрезентативец наскоро може да дојде до бројка од 40 европски мечеви за голот на Звезда.
Борјан потпиша за Звезда во јули 2017 година и направи голем успех со впишувањето во историјата на клубот кој имаше легендарни голмани како Дујковиќ, Живан Љуковчан, Владимир Беара, Стеван Дика Стојановиќ и други.