Михаела Лазаровска урна 14 години стар рекорд во скок во височина

Од:

Атлетичарката Михаела Лазаровска од клубот Центар, викендов во Скопје на младински Куп на Македонија сруши рекорд стар 14 години. Таа во дисциплината скок во височина го надмина остварувањето на Сања Илиева АК Кавадарци. Лазаровска прескокна 167 сантиметри, еден повеќе од Илиева во 2007 година, и стана нова државна рекордерка во младинска конкуренција.

На Арената „Тодор Проески“ во Скопје дводневната програма беше исполнета со 16 дисциплини, учество земаа по девет тима во машка и во женска конкуренција.

Севкупен победник на купот е АК Работнички со 75 бодови, голем дел од нив или вкупно 59 овој клуб ги освои во машка конкуренција. На второто место на севкупниот пласман се најде АК Центар со 60 бода, зад него е АК Делта со седум бода помалку, по што следуваат АК Куманово, АК 7-ми Мај, АК Лириа, АК Дрини Старт, АК Олимп и АК Охрид.

Работнички доминираше во машка конкуренција, со 59 бода, додека во женска конкуренција убедливо најдобар беше АК Центар со 60 бода.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди