Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Од:

Ракометарите на скопски Металург не успеаја вечерва да приредат изненадување на домашен терен против Чеховски Медведи, претрпувајќи го од рускиот тим шестиот пораз во својот седми натпревар во А групата во Лига Европа, со 37:32.

Рускиот шампион го контролираше резултатот во текот на целиот натпревар и по водството од 21:17 на полувреме, стигна до највисоките плус шест, 26:20, во вториот дел.

Ослабен без неколку стандардни ракометари, Металург стигна на минус два на пет минути до крајот, но Чеховски Медведи ги искористи неколкуте грешки во македонскиот тим и рутински го приведе мечот за своја четврта победа во шестиот натпревар во Лига Европа.

Босанскиот интернационален Марко Тарабокиа беше најефикасен во редовите на Металург со осум голови.

Металург со еден бод од седум натпревари, го очекува следниот натпревар на 23 февруари, како гостин на австриски Фајверс.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска