Фудбалскиот клуб Металург денеска покрена тужба за клевета во граѓанска постапка пред Основен суд Скопје 2 – Скопје, против шефот на стручниот штаб на ФК Шкендија Тетово, Артим Шакири, соопштуваат од клубот.
– Тужбата се однесува за изнесеното тешко обвинување и клевета од страна на Шакири против фудбалерите на „ФК Металург“ како и самиот клуб, во дневниот весник „Македонски спорт“ на 9 мај годинава, по првенствениот натпревар Шкендија – Металург, стои во соопштението од Металург.
Висината на отштетата што ја бара ФК Металург во оваа постапка изнесува шест милиони денари.
Натпреварот Шкендија – Метлург одигран на 7 мај во Тетово заврши нерешено 1:1, а тренерот на домаќините, Шакири ги обвини играчите на Металург дека направиле обид за поткуп за позитивен резултат на оваа средба.