Меси се враќа во репрезентацијата, пријавен е за дуелот со Венецуела

Од:

Најдобриот аргентинскиот фудбалер Лионел Меси ќе се врати во националниот тим девет месеци по разочарувачките настапи на Светското првенство во Русија. Напаѓачот на Барселона е пријавен во составот на Аргентина за пријателскиот натпревар со Венецуела закажан за 22 март во Мадрид.

Ова ќе биде второто враќање на Меси во националниот тим.

Тој не играше за „гаучосите“ по поразот од Франција во осминафиналето на Светското првенство 2018.

Досега Меси има 128 настапи за Аргентина. Повеќе од него имаат само Хавиер Маскерано (147) и Хавиер Занети (143). Со 65 погодоци, Меси е најефикасен, зад него на вечната листа е Габриел Батистута со 54 голови во сино-белиот дрес.

Сепак, во репрезентативната кариера на Меси остануваат четири изгубени финалиња, три во Копа Америка и едно на Мундијалите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Парагвај ја изненади Аргентина, Винисиус промаши пенал за победа на Бразил

А1он

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот