Лионел Меси истакна дека негова желба е во финалето на Светското првенство да играат неговата Аргентина против Бразил.
– Остварување на мојот сон е да играм во финалето на Светското првенство и се надевам дека ќе можеме тоа да го постигнеме. Би сакал на завршниот натпревар да играме против Бразил и мојот соиграч од Барселона, Нејмар. Но, може да биде и друга селекција – за каталонски „Спорт“ изјави Меси.
Најдобриот играч на „гаучосите“ се надева дека ќе може да стигне со својата репрезентација во самата завршница.
Аргентина во првата фаза на Светското првенство игра во групата Ф, а ривали им се: Нигерија, Иран и Босна и Херцеговина. Првиот натпревар Аргентина го игра против БиХ на 15.јуни на „Маракана“ во Рио Де Женеиро.