Меси: Ништо не ми значи „Златната топка“

Од:

Капитенот на Аргентина Лионел Меси изјави дека не и придава поголемо значење на наградата за најдобар играч на првенството.

– Ништо не ми значи Златната топка. Мојата желба беше репрезентацијата да биде најдобра. Имавме шанси да ги направиме навивачите среќни, ама не успеавме да реализираме. Одигравме добар натпревар против силен противник. Заслуживме повеќе, но тоа е фудбалот. Тажен сум поради испуштената прилика, истакна Меси.

Аргентина синоќа во финалето на Мундијалот загуби од Германија на продолженија со 1:0.

ФИФА по финалето ги соопшти најдобрите во неколку категории. На Меси му беше доделена Златната топка која е наменета за најдобриот фудбалер на шампионатот.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска