Меси: Јамал ​​е еден од најдобрите во светот, мора да го запреме ако сакаме да победиме

Од:

Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел Меси, денес изјави дека Ламин Јамал ​​е еден од најдобрите играчи во светот и додаде дека неговиот тим ќе мора да го запре младиот шпански играч ако сака да го освои финалето на Светското првенство.

Аргентина и Шпанија ќе играат утре во 21 часот во Њујорк во финалето на Светското првенство во 2026 година.

„Ламин е одличен играч, светска ѕвезда, тој моментално е еден од најдобрите во светот. Го следев затоа што игра за клуб што го сакам и за кој секогаш посакувам се најдобро. Му посакувам среќа затоа што неговиот успех ќе биде и успех на Барселона. Има 19 години и веќе е еден од лидерите, пред него е целата кариера и можност да направи големи работи. Ќе се обидеме да го спречиме да го даде својот максимум, ќе биде тешко, но ние сакаме да победиме. Шпанија има одличен тим, не само тој. И ние имаме свои силни страни“, рече Меси.

Би можело да ве интересира

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он

Билетите за „последното танго“ на Меси за Аргентина распродадени за два часа

А1он