Моментот што ја промени фудбалската историја – на денешен ден Меси дебитираше за Барселона

Од:

Датумот 16 октомври 2004 година засекогаш ќе остане запишан со златни букви во историјата на спортот.

На тој ден, за време на градското дерби против Еспањол на стадионот „Монжуик“, 17-годишно момче од Росарио влезе во игра во 82. минута, заменувајќи го Деко, а на грбот го носеше скромниот број 30.

Во тој момент, никој не можеше ни да претпостави дека присуствува на раѓањето на една од најголемите легенди што планетата некогаш ја видела, како и на почетокот на една ера која целосно го промени концептот на фудбалската игра.

Сè што следеше по неговото влегување од клупата се претвори во чиста магија и апсолутна доминација, каква што дотогаш не била забележана.

Во текот на повеќе од две децении фасцинантна кариера, Лео Меси ги собори сите можни рекорди во дресот на Барселона, остварувајќи неверојатни бројки – 672 гола и 305 асистенции на 778 официјални натпревари.

На каталонскиот гигант му донесе дури 35 трофеи, меѓу кои се издвојуваат четири титули во Лигата на шампионите и десет титули во шпанското првенство, како и неверојатен 91 гол постигнат во само една календарска година.

Со репрезентацијата се искачи на врвот освојувајќи го Светското првенство во Катар, како и два трофеи од Копа Америка и златен медал на Олимписките игри, додека својата индивидуална недопирливост ја потврди со рекордни осум „Златни топки“ и шест „Златни копачки“.

По повод оваа значајна годишнина, од Барселона пристигна емотивна порака:

– Во време кога промената на клубови стана вообичаена појава, Меси остана верен на само еден клуб во текот на сите тие години. Во Барселона имавме можност да уживаме во сите 17 сезони од неговиот престој. Никогаш немало фудбалер како него, а можеби и никогаш нема да има. Токму затоа, 16 октомври засекогаш ќе остане посебен датум во календарот на секој навивач на Барселона – порачаа од каталонскиот клуб.

Би можело да ве интересира

Лапорта го нападна Реал: Тие го одвлекуваат вниманието!

А1он

Меси: Марадона нè поддржуваше на секој чекор, дури и од небото

А1он

(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он