Меркел побара УЕФА „да се однесува одговорно“ со плановите за финале на ЕУРО2020 во Лондон

Од:

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) „да се однесува одговорно“ околу плановите финалето на ЕУРО2020 да се одржи во Лондон, поради загриженоста во врска со ширењето на коронавирусот во Англија.

– Искрено се надевам дека УЕФА ќе покаже одговорен однос во врска со натпреварите на Европското првенство, изјави Меркел.

– Не би сакала на натпреварите да видам преполни стадиони и во целост ги поддржувам напорите на британските власти за спроведување на сеопфатни неопходни хигиенски мерки, додаде германската канцеларка.

Претходно денеска, италијанскиот премиер Марио Драги ја повика УЕФА поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус во Велика Британија да го премести одржувањето на финалето на ЕУРО2020 од Лондон во Рим.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО