Германската канцеларка Ангела Меркел ќе присуствува на финалето на Светското фудбалско првенство во Бразил за директно од местото на настанот да ја бодри својата репрезентација.
Од кабинетот на Меркел денеска соопштија дека канцеларката заедно со претседателот на Германија Јоаким Гаук од 12 до 14 јули ќе престојуваат во Бразил, а на 13 јули ќе го гледаат финалето на Мундијалот.
Германија в недела во Рио де Жанеиро за четвртата шампионска титула ќе се бори со победникот од вечерашниот дуел Холандија – Аргентина.
Синоќа во првото полуфинале на Мундијалот, во Бело Хоризонте Германија го победи домаќинот Бразил со 7:1.