„Мерцедесот“ на Тито се продава за три милиони евра

Од:

„Мерцедесот“ кој му припаѓал на некогашниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито, а во кој се возеле лидери на многу држави и нивните сопруги, се продава за три милиони евра.

Познато е дека Тито бил голем љубител на автомобили и имал цела колекција. Најдобриот примерок во таа колекција бил „мерцедесот“ 600 полукабриолет со шест врати, од кој се произведени само девет такви возила.

„Мерцедесот“ кој е произведен во 1971 година, го користел Тито се до неговата смрт во 1980 година. Некое време подоцна се користел за превоз на важни странски гости од аеродромот во хрватскиот град Пула до резиденцијата Бриони, а во 1989 година управата на резиденцијата го продала мерцедесот на странски купувач. Оттогаш автомобилот сменил неколкумина сопственици колекционери.

Неодамна „мерцедесот“ повторно е понуден за продажба од аукциската куќа „Том Хартли Јуниор“, а според неофицијални информации почетната цена ќе биде малку под три милиони евра.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

Орце Костов

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

Орце Костов

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

Орце Костов

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска