Мерцедес ги претстави новите болиди

Од:

Мерцедес ги претстави своите посебни болиди за Луис Хамилтон и Валтер Ботас непосредно пред Големата награда на Германија.
Трката во Хокенхејм ќе биде јубилејна 200 – Ф1 трка за Мерцедес кој слави 125 години на учество во различни мотоспорт активност.

Новиот модел W10 вклучува нова шасија, нов систем за ладење и нови аеродинамични делови, а 125-годишнината ќе ја одбележат со нови бои.

„Без бела боја, металната лимарија на болидот беше изложена со тоа што даваше сребрен изглед. Така се роди сребрената стрела“, велат од Мерцедес.

Првиот тренинг за Големата награда на Германија почнува утре во 11 часот, а вториот исто така утре но попладне во 15 часот. За сабота се предвидени третиот тренинг во 12 часот и квалификациите во 15 часот, а трката почнува в недела во 15 часот и 10 минути.

Би можело да ве интересира

Хамилтон: Ме немаше. Сега се вратив

Ана Ололовска

Во Формула 1 вакцините против Ковид станаа задолжителни

А1он

Еклстоун: Нема луѓе како Раиконен во Ф1, сите станаа како роботи

Ана Ололовска

Доменикали: Се надевам на продолжување на битката Верстапен – Хамилтон, но сметам и на други тркачи

Ана Ололовска

Биното: Кој ќе биде прв возач на Ферари ќе биде одлучено на патеката

Ана Ололовска

Нико Розберг бара промени во Формула 1

А1он