Возачите на Мерцедес остварија најдобри резултати во денешните квалификации за трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Тоскана.
Луис Хамилтон стигна до нова пол-позиција со време 1.15,144 минута, Валтери Ботас извозе најбрз круг со време 1.15,203.
Пилотите на Ред Бул утре ќе стартуваат од вториот ред, Макс Верстапен од третата, а Алекс Албон од четвртата позиција.
По нив, од 5-10. место се пласираа: Шарл Леклер (Ферари), Серхио Перез (Рејсинг поинт), Ленс Строл (Рејсинг поинт), Даниел Рикардо (Рено), Карлос Сајнц (Мекларен), Естебан Окон (Рено).
Главната трка за Големата награда на Тоскана ќе почне утре од 15:10 часот.