Мексико славеше над Камерун

Од:

Репрезентацијата на Мексико оствари минимална победа од 1:0 (0:0) против Камерун во натпреварот од 1.коло од групата А на Светското првенство во фудбал во Бразил.

Побеничкиот гол за Мексико во 61.та минута го постигна Орибе Пералта, откако претходно голманот на Камерун Чарлс Итанже го одбрани ударот на Џовани Дос Сантос.

Во првото полувреме на интервенција на помошникот Карбахал од Колумбија на репрезентацијата на Мексико и беа поништени два гола. Мрежата двапати „ја затресе“ Сантос.

Во А групата Бразил и Мексико имаат по 3 бодови, додека Камерун и Хрватска се без бодови. Во второто коло играат: Бразил – Мексико и Хрватска – Камерун.

Вечерва се играат и натпреварите од првото коло во групата Б. Во 21 часот во Салвадор играат Шпанија и Холандија што е реприза на финалето од последното Светско првенство, а во Куиаба на полноќ ќе почне дуелот меѓу Чиле и Австралија.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска