Мексико идната година домаќин на трка во Формула 1

Од:

Мексико Сити ќе биде домаќин на трка од Шампионатот во Формула 1 трка во 2015 година, објавија денеска локалните медиуми во оваа држава. Како што се наведува, главниот град на Мексико ќе организира трки во следните пет години.

Последен пат Мексико Сити домаќин на трка од Ф1 беше пред 22 години.

Сопственикот на Ф „циркусот“ Берни Еклстоун го потпиша минатата недела договор за одржување на трки во пет сезони, со можност за продолжување на уште пет години.

Трката ќе биде одржана во октомври или ноември на патеката „Ерманос Родригез“ каде последен пат се возеше во 1992 година.

Градоначалникот на Мексико Сити, Мигел Анхел Мансер за денеска закажа прес-конференција на која официјално ќе го објави одржувањето на Големата награда на Мексико во периодот од 2015 до 2019 година.

Мексико првично беше во календарот на Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА) за Светското првенство во 2014 година, пред кој е конечно повлечен од листата домаќини.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он