Мекларен и Мерцедес ќе ги менуваат боите на болидите

Од:

Екипите на Мекларен и Мерцедес во новата сезона од Формула 1 шампионатот на своите болиди ќе имаат нови бои.

Мерцедес кој досега беше познат како „сребрена стрела“ како основа ќе ја задржи сребрената боја, но овој пат со примеса на сино. Воедно бојата на болидот ќе биде хромирана и ќе наликува на отсјај од огледало, слично на минатогодишниот изглед на болидите на Мекларен.

Како што откриваат англиските медиуми, болидите кои ќе ги управуваат светскиот првак Луси Хамилтон и Нико Розберг ќе бидат целосно фарбани вклучувајќи ги тркалата.

Од друга страна Мекларен со новиот изглед на своите болиди ќе се дистанцира од досегашниот партнер Мерцедес и ќе започне нова ера со Хонда која ќе ги произведува моторите за Мекларен.

Во текот на претходното британско-јапонско партнерство болидите на Мекларен беа препознатливи по црвено-белата боја, па најверојатно таа ќе биде доминантна и на новите болиди.

Постои можност Мекларен своите нови бои да ги претстави дури на стартот на новиот шампионат односно трката во Австралија, а за време на тестирањата во Херес и Барселона болидите да бидат портокалови.

Новиот шампионат во Формила 1 традиционално започнува во трката за Големата награда на Австралија, а годинава таа е закажана за 15 март.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он