Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб го постигна победничките поени за Гран Канарија на гостувањето во Краснодар кај Локомотива и го однесе својот тим чекор понапред кон пласман во четвртфиналето во Еврокупот.
Последниот натпревар против Феунелабрада ќе одлучи дали тимот предводен од Мекејлеб ќе се пласира во следната фаза од второто по квалитет клупско кошаркарско натпреварување на континентот.
Резултати од натпреварите од 5.коло Група-А во ТОП 16 одиграни синиоќа:
Локомотив Кубан – Гран Канарија 66:68,
Фуенлабрада – Мурсија 85:69.
Табела: Локомотив Кубан 4-1 (победи-порази), Гран Канарија 3-2, Фуенлабрада 2-3, Мурсија 1-4.
Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат првите две екипи на табелата по завршувањето на последното коло.