Меѓународен ултрапланински маратон „По стапките на Крали Марко“

Од:

Меѓународен ултрапланински маратон „По стапките на Крали Марко“ се одржува денеска и утре во Прилеп. Маратонот опфаќа три трки од кои две денеска и една утре, а ќе учествуваат околу 170 луѓе од седум држави.

Учесниците во двете денешни подолги трки ќе трчаат на 65 и на 31 километар, а утре е трката од 16 километри за младите учесници.

За сите трки тргнувањето е од амфитеатарот во населбата Варош. Се трча кон Трескавец, потоа се оди кон селото Дабница, па Прилепското езеро. Потоа натпреварувачите се упатуваат кон селото Плетвар од каде се искачуваат на врвот Козјак. Оттука, учесниците слегуваат кон селото Крстец, па кон манастирот Св. Ѓорѓија, и потоа повторно се оди на Трескавец од каде се слегува во Прилеп.

На маратотнот ќе има учесници од Бугарија, Србија, Хрватска, Турција, САД, Британија и од Македонија.

Според Трајче Панковски, директор на планинскиот маратон „По стапките на Крали Марко“, ова е најдолгиот планински маратон во Македонија и трката е влезена во светските листи на планински трки.

Победниците на овие трки ќе добијат медали, плакета и спортска опрема.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска