Меѓународен планинарски марш на Руен на 16 јули

Од:

Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“.

Миран Митревски од НВО „Здравец 2002“ од Македонска Каменица на денешната прес-конференција истакна дека се е подготвено за јубилејната средба која ќе се одржи на 16 јули и најави учество на 2.000 планинари до Македонија и Бугарија.

– Традиоционалната средба на Руен е со порака на обединување. Овде на планината која 2/3 е од македонска страна, а 1/3 од бугарска и на највисокиот врв во Источна Македонија и на Осоговските Планини со своите 2.252 метри е место каде традиционално се собираат околу 2.000 планинари кои стигнуваат на врвот од три страни. Едната патека е од Македонска Каменица, каде до Руен се поминуваат 34 километри, другата е од Крива Паланка, а третата е од Ќустендил. Сите треба да бидат на Руен во 11 часот, кога и започнува средбата, истакна Митревски.

Тој ги покани сите љубители на планината да учествуваат на овој меѓународен планинарски марш.

– Досега е пријавено учество на планинари од Каменица, Делчево Пехчево, Куманово, Пробиштип, Неготино, Кочани, Штип, Скопје, како и околу 1.200 планинари од соседна Бугарија. Јас ги повикувам сите планинари да земат учество на овој меѓународен марш бидејќи овде се стекнуваат нови пријателства, се разменуваат идеи и искуства и во многу прилики се отвораат можности за соработка за прекугранични проекти, истакна Митревски.

Организацијата на меѓународниот планинарски марш е на НВО „Здравец“ од Македонска Каменица, НВО „Руен“ од Крива Паланка и Туристичкото друштво „Осогово“ од Бугарија. Поддршката за реализација на оваа традциионална средба на Руен е од општина Македонска Каменица и рудникот „Саса“.

Би можело да ве интересира

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска