(ВИДЕО) Меџик Џонсон: Живот со ХИВ

Од:

Пред точно 21 година, играчот на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон најави дека ќе оди во пензија поради тоа што боледува од ХИВ вирусот. Во истиот момент стана симбол на надеж за милиони Американци кои живеат со овој смртоносен вирус.

Кошаркарската ѕвезда ја шокираше светската јавност на седми ноември 1991. година, кога се уште се мислеше дека вирусот ги напаѓа оние „другите“ – геј популацијата.

„Стојам пред вас и ви зборувам дека тоа може да се случи на било кој, дури и на мене Меџик Џонсон“, изјави на конференцијата за новинарите пред 21 година.

„Сакам да кажам дека ќе ми недостига играњето но дека ќе се посветам на борбата против овој вирус“.

53-годишниот Џонсон своето ветување го одржа. Започна фондација која ја финансира едукацијата и превенцијата од ХИВ во државите кои се најмногу погодени од овој вирус.

„Нема поубаво чувство од тоа кога ќе му помогнеш на некого, влијаеш на нечиј живот. Тоа е најубаво чувство на светот“, рече Меџик.

Би можело да ве интересира

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

Орце Костов

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Иницијатива на млади луѓе за промена на името ХИВ за да се отстрани стигмата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во САД излекувана првата жена со СИДА

Ана Ололовска

Почина вирологот Лик Монтање, нобеловецот кој го откри ХИВ

А1он

Нова многу позаразна варијанта на ХИВ откриена во Холандија

Катерина Ѓуровски